Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека е подготвен да разговара со иранскиот колега Хасан Рохани, но оти секогаш постои можност за американска воена акција против Исламска Република.
– Иран е земја која беше екстремно непријателски расположена кон мене од првиот ден откако ја презедов должноста. Тие беа терористичка земја број еден во светот, а најверојатно тоа се и денес, изјави Трамп за британската телевизија ИТВ.
Трамп одговарајќи дали е потребно да се преземе воена акција против Иран, истакна дека „Секогаш постои можност. Дали тоа го сакам? Подобро не. Секогаш, меѓутоа постои можност“.
Тој додаде дека е подобро да разговара со Рохани.