Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хаменеи денеска изјави дека американскиот таканаречен „план на векот“ за мир меѓу Палестинците и Израел е осуден на пропаст.

– Планот, кој претставува предавство на муслиманскиот свет, никогаш нема да успее, рече Хаменеи за време на неговиот говор за одбележувањето на Рамазан Бајрам.

Американскиот претседател Доналд Трамп пред извесно време го најави таканаречениот „план на векот“ за мир на Блискиот исток и решавање на израелско-палестинскиот конфликт. Планот овој месец ќе биде објавен на економска конференција во Бахреин.

Хаменеи го критикуваше Бахреин што ќе биде домаќин на конференцијата, како што ја нарече „за промовирање на американските злосторнички и подмолни планови за Палестинците“, додавајќи дека „таквите планови никогаш нема да успеат“.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/06/2019 16:40