Беверли Хилс стана првиот американски град што одлучи речиси целосно да ја забрани продажбата на тутунски производи.

Градското собрание денеска едногласно гласаше за забрана на продажба на цигари, пури и други производи од тутун, почнувајќи од 2021 година.

Забраната се однесува на продажба на бензиски пумпи, во аптеки, драгстори и супермаркети, а не се однесува на хотели и три салони за пушење во тоа богато и гламурозно предградие на Лос Анџелес.

Исклучокот за хотели е донесен за да се прилагоди кон туристите.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/06/2019 17:28