Во последните години, односите помеѓу Русија и Кина достигнаа „невидено високо ниво“, а најважно е што тоа високо ниво на односи се користи ефикасно, изјави рускиот претседател Владимир Путин на почетокот на средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг во Москва.

Тој истакна дека е важно да се користи високото ниво на односи за да им се овозможи на граѓаните на Русија и Кина ефикасно да соработуваат и да ги искористат „своите предности за сеопфатен развој“.

Кинескиот претседател Си истакна дека односите на двете земји го издржале тестот на времето во контекст на променливата ситуација во светот.

– Чекор по чекор, успеавме да ги доведеме нашите односи на ново ниво, највисоко во историјата. Во контекст на радикалните промени, без преседан во последните сто години, луѓето на нашите земји и меѓународната заедница пред нас поставуваат големи очекувања, рече Си и притоа се заблагодари на путин за „топлиот пречек“.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/06/2019 17:34