Во мај годинава на јужната американска граница уапсени се повеќе од 144.000 мигранти, што е зголемување за 32 отсто во однос на април, соопшти американската погранична служба.

Меѓу уапсените има 57.000 малолетници, претежно од Хондурас, Гватемала и Салвадор, додаде службата.

Официјални претставници на службата изјавиле дека не очекуваат пад на бројот на мигрантите за време на летото.

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Мексико дека им дозволува на мигрантите да ја преминуваат границата и неодамна се закани со воведување царини за мексикански производи.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2019 16:29