Регионалниот хуманитарен координатор на ОН за Сирија, Панос Мумцис изјави дека два милиони цивили се загрозени во северозападниот дел на таа земја.

Мумцис истакна дека цивилите се загрозени од воената офанзива од страна на руските и владините сили, која трае речиси два месеца.

Тој за арапските медиуми посочи дека на веќе регистрираните стотици илјади раселени лица би можеле да им се приклучат нови стотици илјади лица и да се дојде до бројката од „милион или два милиони” раселени лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2019 19:29