Најмалку 95 лица се убиени во едно село на Мали, кога вооружен напаѓач отворил оган кон локалното население, кои очајнички се обидувале да побегнат.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Амаду Санго рече дека нападот се случил во текот на ноќта, во селото Собане, каде живеат Догoни.

Локалните власти информираа дека се пронајдени телата на 95 лица, додека 19 се сметаат за исчезнати.

Припадниците на народот Догoни често се судираат со Фуланите околу земјиште и вода. Во март беше еден од најсмртоносните напади, кога беа убиени околу 150 припадници на Фулани.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2019 19:37