Пејачот Џастин Бибер на Твитер го предизвика Том Круз на борба во шампионатот за боречки вештини УФЦ, потоа доби и занимлив предлог за облог – ако загуби, да стане сајентолог.

Позната е приказната дека Круз (56) е сам свој каскадер во акционите филмови како „Невозможна мисија“, „Џек Ричер“ или „Работ на утрешнината“. Бибер (25) не верува во тоа.

– Сакам да го предизвикам Том Круз на борба во „Осумаголникот“ (арената на УФЦ). Том, ако на ја прифатиш борбата, значи се плашиш и тоа цел живот ќе те следи. Кој сака да се обложи?, напиша пејачот на Твитер.

Кусо потоа, следеше одговор од познатиот њујоршки комичар Ден Ламорте. – Ако загубиш, ќе мора да станеш сајентолог, напиша тој обраќајќи му се на Бибер.

Сајентологија е филозофско-религиозна деноминација, на која припаѓа Круз.

Организаторите на УФЦ изразија подготвеност да ја организираат борбата.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/06/2019 16:05