Евроскептиците во Европскиот парламент создадоа нова политичка група „Идентитет и демократија“, која ќе биде четврта сила по големина според бројот на пратенички места.
Формирањето на групата го изјави лидерката на француската екстремнодесничарска партија Национален собир (РН), Марин Ле Пен на заедничката прес-конференција со лидери на евроскептични партии од други земји.
– Денеска објавуваме создавање на новата политичка група „Идентитет и демократија“, во која влегуваат 73 пратеници од Франција, Германија, Австрија, Фландрија, Чешка, Данска и Естонија, нагласи Ле Пен.