Руското Министерство за одбрана соопшти денеска дека нивни авиони извршиле четири воздушни напади врз екстремисти во сирискиот регион Идлиб.

Руската армија соопшти дека турската војска побарала помош од неа да ги заштити турските трупи, при нападите врз „терористите“ во Идлиб.

Регионот Идлиб, од крајот на април се наоѓа под силна воздушна и копнена офанзива на силите под команда на Дамаск и Москва против екстремистите, кои се борат против сирискиот претседател Башар ал Асад, кои оперираат на подрачје под турско влијание.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/06/2019 18:49