Израелската армија денеска соопшти дека нејзини авиони бомбардирале цели во Појасот Газа, како одговор на вчерашниот ракетен напад од оваа палестинска територија врз јужен Израел, при што беше погодена зграда во градот Сдерот.

Во армиското соопштение се нагласува дека воените авиони гаѓале „терористичка инфраструктура“ на радикалното исламистичко движење Хамас, кое ја има контролата врз Појасот Газа.

Засега нема информации од палестински извори за евентуални жртви при израелските воздушни напади.

При вчерашниот ракетен напад врз Сдерот немаше жртви.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/06/2019 14:06