Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривичнa пријавa против М.Д.(39) и И.К.(35), двајцата од Скопје, осомничени дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 17.06.2019 година, врз основа на судска наредба, соопшти денеска МВР, извршен е претрес на дом и други простории кај М.Д., при што била пронајдена и одземена марихуана. Истиот ден околу 21 часот на ул.„Ѓорѓи Капчев“ полициски службеници извршиле претрес кај И.К., при што пронашле и одзеле марихуана и други предмети.

Двајцата пријавени се приведени во полициска станица.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2019 12:56