Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против 40-годишен скопјанец за сторено кривично дело тешка кражба.

Обвинетиот во текот на мај и јуни годинава, соопшти денеска ЈО, движејќи се со велосипед се приближувал до оштетените и на разминување со нив им ги кинел од вратот златните ланчиња, по што веднаш се оддалечувал во непознат правец.

– Со поднесеното обвинение, обвинителството до судот достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор, бидејќи ценеше дека се исполнети законските основи, се посочува во соопштението од ЈО.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2019 16:01