Во Светската лига во ватерполо денеска на распоредот се натпреварите од четвртфиналната фаза. За место во полуфиналето ќе се борат:

Унгарија – Австралија (почеток 15 часот) Јапонија – Хрватска (16:45) Шпанија – Казахстан (19:15) Канада – Србија (21:00).

Победниците утре ќе играат во полуфиналето, а финалето е закажано за в недела.

Само победникот на турнирот ќе обезбеди учество на Олимписките игри во Токио следната година.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2019 12:31