Демонстранти, испровоцирани од посетата на руски пратеник, синоќа се обидоа да упаднат во Парламентот на Грузија во Тбилиси, пробивајќи го полицискиот кордон и фрлајќи шишиња, на што полицијата одговори со употреба на солзавец.

Немирите избија по говорот на пратеникот на Долниот дом на рускиот Парламент.

Двајца демонстранти се пожалиле дека се повредени откако биле погодени од гумени куршуми.

Руското влијание во Грузија останува политички чувствително прашање во оваа земја, која е сојузник на САД. Тбилиси водеше и ја изгуби краткотрајната војна со Москва во 2008 година. Русија и Грузија оттогаш немаат дипломатски односи, а Москва ја признава независноста на два отсечени региона, Јужна Осетија и Абхазија, каде што сега се стационирани руски војници.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2019 15:11