Силна експлозија се случи утринава во рафинерија за нафта во Филаделфија, откако избувна пожарот во фабриката, а локалните медиуми објавија дека куќите се треселе во круг од неколку километри.
Снимките покажуваат дека пожарот ја проголта филаделфиската рафинерија „Енерџи солушнс“, која произведува 335.000 барели дневно, а во истата рафинерија избувна пожар и пред 11 дена.
Медиуми известуваат дека експлозијата се слушнала до Њу Џерси.
Во фабриката се вработени околу илјада луѓе, но нема информации за евентуални жртви.
Официјални лица велат дека пожарот е локализиран.
Обиколните патишта се затворени, а густ чад го покри поголемиот дел од Централна и Јужна Филаделфија. Пожарникарите ги молат жителите и вработените кои се наоѓаат источно од локацијата на пожарот, да одат во засолниште до понатамошно известување.