Американскиот геолошки завод соопшти дека утрово во близина на пацифичкиот брег на Северна Калифорнија регистриран е земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот бил на 27,9 километри југозападно од Скоти, град со 850 жители, на длабочина од девет километри.

Нема информации за евентуално причинета материјална штета и повредени лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2019 13:16