Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун прими лично писмо од претседателот на САД, Доналд Трамп и сериозно ќе размисли за неговата содржина, објави севернокорејската државна новинска агенција КЦНА.

Ким за писмото од Трамп изјави дека има „одлична содржина“, но не се наведуваат детали.

– Ким Џонг-ун изјави дека сериозно ќе размисли за интересната содржина, наведува КЦНА.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2019 13:24