Американскиот државен секретар Мајк Помпео рече дека сака да изгради глобална коалиција против Иран за време на итни консултации на Блискиот Исток.

Помпео го изјави тоа пред да замине во Саудиска Арабија.

Тој нагласи дека сака коалиција, не само меѓу земјите од Заливот, туку и во Азија и Европа, која, како што рече, „го разбрала предизвикот…од најголемиот спонзор за тероризам во светот”. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно објави дека САД ќе воведат нови санкции против Иран од денеска.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2019 09:47