Акустичниот Поп-рок состав "Acoustic Division" деновиве го промовираше својот нов видео запис од нивната преработка на песната "Лебедот Бел" од Нокаут.
Членовите на бендот кои со полна пареа се спремаат за настап на овогодинешното издание на реномираниот фестивал "Макфест" изјавија дека оваа преработка означува почеток на нивниот проект со кој ќе бидат опфатени многу македонски хитови кои ќе бидат преработени во акустични верзии, стил по кој се препознатливи "Acoustic Division".
За крај, официјално најавија дека за десетина дена ќе промовираат уште еден видео запис, овој пат за песната "Јако Јако" на Влатко Лозановски - Лозано.