Памела Андерсон раскина со францускиот фудбалер Адил Рами, оти, како што Андерсон откри на Инстаграм, две години, колку што и трае нивната врска, тој ѝ бил неверен.

Објавувајќи сликички од скршени срца, американската глумица во болка вели дека Адил за сето време водел двоен живот.

– Тешко е да се прифати фактот дека последните две години од мојот живот беа голема лага. Се излажав и поверував дека сме вљубени. Се шегуваше за други играчи кои имале девојки што живееле близу нивните жени. Ги нарекуваше тие мажи – чудовишта, но ова е полошо. Како е можно да контролира две женски срца и умови. Тој е чудовиште, напиша Андерсон.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2019 17:28