Една од најголемите ѕвезди во регионот, пејачот и кантавтор Жељко Јоксимовиќ ова лето доаѓа во Охрид, со уште еден во низата на успешни концерти.

Како што ни соопштија организаторите – Прагма Продукција, концертот е закажан на 3-ти август 2019 год., на стадионот „Билјанини Извори“.

„Ја обожувам македонската публика, едвај чекам да настапам во прекрасниот Охрид. Неверојатно е чувството да настапиш пред десет илјади публика која во еден глас ги пее сите твои песни, дефинитивно ќе биде една незаборавна ноќ! Затоа ќе ги поканам сите да се придружат и ќе им ветам дружба и забава која не била приредена подолго време!“ - изјави Јоксимовиќ.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба од 27.06.2019 (четврток) и истите ќе може да се набават преку продажната мрежа на “Купи Карти За Се” низ цела Македонија, во Југотон и цвеќара “Розе” – Веро 2.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2019 16:18