Германскиот хуманитарен брод Си-Воч со 42 мигранти влезе денеска во италијанските води и покрај налогот од Рим да стои подалеку, соопшти прес службата на бродот.

Во соопштението се наведува дека капетанот одлучил да оди на островот Лампедуза, бидејќи ситуацијата на бродот „сега е поочајна од претходно“.

Тој се одлучил на таков чекор и затоа што му било дозволено да влезе во водите, според морскиот закон за вонредни ситуации.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2019 17:23