Нема повредени патници во несреќата во којашто се запалил автобус на тетовскиот превозник „Хафет турс“ изутрината околу два часот по полноќ во близина на Дубровник, изјави за МИА Хафет Арифи, вработен од компанијата „Хафет турс“.

Со автобусот на превозникот „Хафет турс“ од тетовски Пирок, кој сообраќал на линијата Скопје – Сплит, се превезувале 49 патници.

Според Арифи, благодарение на брзата реакција на пожарникарските служби пожарот е изгаснат, а сите патници за околу половина час се транспортирани до крајните дестинации со друг автобус.

– Нема никакви повреди кај патниците, ниту пак оштетувања на нивниот багаж, тврдат од компанијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2019 13:41