Министерот за нафта на Венецуела Мануел Квеведо, кој моментално претседава со Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК), остро го осуди американското ембарго наметнато против неговата земја.

– Го креваме гласот пазарот на нафта да не се користи како средство за напад врз економиите на суверените земји, рече Квеведо во обраќањето на 176-тиот редовен состанок на ОПЕК во Виена.

Тој додаде дека ОПЕК одлуките ги донесува имајќи ги предвид интересите на потрошувачите, инвеститорите и производителите на пазарот на нафта.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2019 10:11