Италијанскиот премиер Џузепе Конте не гледа противречност меѓу националните интереси на Италија и проектот за обединета Европа.

Тој ова го изјави во интервју за ТАСС во пресрет на официјалната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Италија.

– Не гледам противречност меѓу националните интереси и европскиот проект. Треба да научиме да одговориме на интересите на граѓаните – Италијанци, Французи, Шпанци – и да ги впишеме во рамката на заедничка стратегија. Неопходно е да се избегне заедничкиот европски дом да ги задушува легитимните очекувања на одделни земји, рече Конте.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2019 10:46