Манекенката Хајди Клум тајно се омажила за своето 17 години помладо момче Том Каулиц. Ова е нејзин трет брак.

Тие пред олтарот застанале уште на 22 февруари, кога им била првата годишнина од врската. Но, манекенката и Каулиц (30), инаку поранешен член на германската група „Токио хотел” тоа го соопштија дури сега.

Откога се заедно, тие никогаш не ја криеле својата врска.

Претходно, Клум беше во брак со Рик Пипин, а потоа и со познатиот поп-музичар Сил со кого има и три деца.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2019 14:20