Холивудскиот продуцент од малезиско потекло, Риза Азиз вчера бил уапсен во својата земја поради обвиненија за вмешаност во проневера на 4,5 милијарди долари и перење пари.

Азиз е познат како продуцент на филмовите „Волкот од Волстрит“ (на Мартин Скорсезе и со Леонардо ди Каприо), „Глупав и поглупав 2“ и други.

Тој, инаку, е и посинок на поранешниот малезиски премиер Наџиб Разак.

Се сомничи за вмешаност во проневера на 4,5 милијарди долари на малезискиот владин инвестициски фонд додека Разак бил премиер.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/07/2019 13:08