Три лица се приведени попладнево откако го нарушиле јавниот ред и мир на манифестацијата поврзана со вежбата „Одлучен удар“, што се одржа во центарот на Скопје.
МВР соопшти дека се работи за Н.О, М.Т и Д.Д. Тие ја попречувале полицијата во извршување службени дејства за време на настанот, не почитувајќи наредба на полициски службеници.
-Лицата се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, велат од МВР.