САД испратиле порака до Иран, откако беше соборен дрон во реонот на Персискиот залив минатиот месец, со предупредување дека ќе нанесат „ограничен удар“ врз државата, изјави денеска шефот на иранската Цивилна заштита.
Голамереза Џалали, кој исто така е висок командант во елитната Револуционерна гарда ги повтори на прес-конференција тврдењата дека американското беспилотно летало навлегло во воздушниот простор на Иран – нешто што САД го негираат.
Потоа „САД не информираа преку дипломатски посредници дека сакаа да извршат операција со ограничен обем. Но, одговорот на Иран беше дека ние ја гледаме секоја операција како почеток на војна”, рече Џалали.
Дронот беше соборен во Персискиот залив на 20 јуни.