Глумецот Камерон Бојс (20), кој главно учествуваше во емисии и серии на „Дизни“, вчера почина во сон. Тоа го потврди и неговото семејство.
– Со огромно жалење ви соопштуваме дека го загубивме нашиот Камерон. Почина во сон од напад поврзан со долгата и тешка болест со која се бореше, се вели во соопштението.
Своето деби, Бојс го имаше во серијата „Џеси”, а потоа глумеше и во филмовите „Око како орел”, „Потомци“ и „Возрасни”.
Последна негова улога беше во серијата „Г-ѓа Флечер” што наесен ќе се прикажува на ХБО.
Во слободно време, момчето се занимаваше и со хуманитарна работа.