Тетовската полиција ноќеска спроведе петчасовна акциска контрола во тетовско и гостиварско, при што 12 возачи беа исклучени од сообраќај поради возење под дејство на алкохол, информира денеска СВР Тетово.

Во периодот од 00:00 до 05:00 часот на тетовско-гостиварското подрачје е спроведена акциска контрола за откривaње на возачи кои упрaвуваат возила под дејство на алкохол.

Констатирано е дека девет лица од тетовско и три од гостиварско управувале возило под дејство на алкохол. Тие се исклучени од сообраќај и привремено им биле задржани возачките дозволи и им биле издадени мандатни платни налози, соопштија од канцеларијата за односи со јавноста при СВР Тетово.

Во текот на контролата биле констатирани уште 14 останати прекршоци, од кои 11 во Тетово за кои се издадени исто толку соодветни поднесоци.

Според законот за безбедност во патниот сообраќај, предвидени се мандатни глоби од 20 до 400 евра во денарска противвредност во зависност од прекршокот, а покрај глобата исто така е предвидено и санкција „забрана за управување со возило" од три до 12 месеци.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/07/2019 15:52