Авион на руската компанија Утер на летот Москва – Берлин принудно слета на московскиот аеродром Внуково откако преку Литванија се врати поради проблеми со системот за климатизација.

– Боингот 737 мораше да се врати преку Литванија поради дефект на системот за климатизација. Авионот слета безбедно, соопшти аеродромската прес-служба.

Авионот се вратил бидејќи на половина лет испратил сигнал за помош.

Претходно денеска авион на руската компанија Утер на лет од Сочи кон сибирскиот град Нижњевартовск принудно слета на меѓународниот аеродром Платов во Ростов на Дон.

– Можам да потврдам дека авионот слета непланирано, изјави портпарол, не наведувајќи ги причините за принудното слетување.

Според медиумите, еден од патниците е префрлен во болница.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/07/2019 21:28