Европол во акции низ цела Европа заплени 24 тони стероиди во прав и затвори девет илегални лаборатории во кои се произведувале стероидите и други илегални супстанци.

Операцијата, една од најголемите од таков вид, е спроведена во 33 земји, а резултираше со апсење на 234 лица и разбивање на 17 криминални групи.

Светската анти-допинг агенција учествуваше во операцијата во која е откриен трговски систем во кој спортисти, кои не се професионалци, користеле комплементарни кредитни картички и крипто валути за купување мали количини нелегални супстанци, од кои повеќето се испорачувани преку теретани и нерегулирани интернет аптеки.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2019 09:50