Стив Џобс беше маѓепсник кој „им правеше магии на луѓето“ за да му помогне на Епл да остане на површината во текот на најмрачните денови на компанијата, изјави основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс за Си Ен Ен.

Џобс и Гејтс се познати по тоа што се тврдокорни лидери кои негуваат интензивна култура на работата.

Гејтс истакна дека луѓето често ги елиминираат негативните елементи на личноста на основачот на Епл, но Џобс бил и единствен лидер кој во периодот кога бил блиску до смртта го доведе Епл на пиедестал на највредна компанија на светот.

Епл, имено, беше на раб на банкрот кога Џобс се врати во компанијата кон крајот на 90-те години од минатиот век.

– Заедно со својата цврстина тој донесе некои неверојатно позитивни работи, истакна Гејтс.

Еден од најбогатите луѓе на светот нагласи дека Џобс знаел да ги маѓепса своите вработени и клиенти кога ќе се соочел со некаков проблем, бидејќи умеел „во се да види волшепство“.

Џобс почина во 2011 година, неколку месеци откако поднесе оставка во компанијата Епл поради компликации од рак на панкреасот.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2019 12:35