Кинеското Министерство за надворешни работи ги повика САД да го откажат проектот за продажба на оружје во вредност од 2,2 милијарди долари за Тајван.

Стејт департментот вчера одобри евентуална продажба на оружје и дополнителна опрема за Тајван, вклучувајќи тенкови М1А2Т „Абрамс“ и ракети „Стингер“.

Портпаролот на кинеското МНР, Ган Шуан изјави на прес-конференција дека Кина е против таквиот чекор и побара од САД да избегнат активност која ќе им наштети на односите меѓу двете земји.

– Вакви дејствија претставуваат сериозно мешање во внатрешните работи на Кина и го нарушуваат суверенитетот на Народна Република Кина и нејзините интереси во областа на одбраната, нагласи портпаролот.

Тој ги повика САД да го почитуваат принципот на „единствена Кина“, веднаш да ја откажат испораката на оружје и да ги прекинат воените контакти со Тајван.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2019 13:40