На 09.07.2019 година во 00.31 часот на наплатната станица „Градско“ влекач „Сканиа“ со косовски регистарски ознаки со приколка, управуван од засега непознат возач, откако ја платил патарината, тргнал и со десната страна од возилото удрил во наплатната кабина, со што предизвикал штета на наплатната кабина.
После тоа, возачот не застанал и продолжил со движење кон Велес.
Увид на местото извршила екипа од СВР Велес. Се работи на расчистување на случајот.