Турција ја очекуваат негативни последици доколку се реализираат испораките на руските противвоздушни ракетни комплекси С-400, изјави пред новинарите во Вашингтон портпаролката на Стејт департментот, Морган Ортагус, пренесоа светските агенции.

-Нашата позиција, позцијата на Стејт департментот, во однос на Турција и С-400 не е сменета, посочи Ортагус, коментирајќи ги медиумските информации дека испраките на руските комплекси може да се реализираат деновиве.

„Се останува како што беше. Ние веќе кажавме дека Турција ја очекуваат реални и негативни последици доколку ги прифатат руските С-400“, забележа портпаролката, додавајќи дека овие последици ги вклучуваат прекинот на учеството на Анкара во програмата за ловците Ф-35.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2019 12:10