Полицијата се уште го обезбедува централното градско подрачје, во Прилеп откако околу пладне е пронајдена експлозивна направа – рачна бомба неексплодирана, под столица крај летната бавча на кафулето „Кафе ин“ во центарот на градот.
Како што информираат од СВР Битола рачната бомба ја пронашол околу 12,10 часот, сопственикот на кафебарот Гоце Т. и веднаш ја алармирал полицијата.
Полицијата се уште го обезбедува просторот, на теренот се противпожарна единица и итната помош. Во секој момент се очекува да пристигне единицата за антитероризам од Скопје за да се констатира за што станува збор.