Германскиот пратеник од Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Дејвид Мекалистер, попладнево беше реизбран за претседател на Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент (АФЕТ).

Попладнево новиот состав на Европскиот Парламент ги избра претседателите и потпретседателите на парламентарните комисии.

Комисијата за надворешни работи, позната како АФЕТ, која се занимава со проширувањето, останува водена од досегашниот претседател, додека за потпретседател беше избран полскиот пратеник Витолд Вашчиковски од полската владејачка партија.

– Другите тројца потпретседатели на комисијата ќе бидат избрани на друга средба во наредните недели, соопшти ЕП.

Мандатот на претседателите трае две и пол години.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2019 18:34