Американката беше силно критикувана од активисти за заштита на човековите права, откако објави дека ќе пее во градот Џеда.

Критики имаше и од Саудиска Арабија, каде што некои се спротивставија на разголените облеки и провокативните текстови, со кои е позната Ники Минаж.

Иако внатрешното незадоволство од некои кругови, Саудиска Арабија сакаше концертот да се одржи, бидејќи во последно време се обидува да ги олесни ограничувањата за забавната индустрија и да испровоцира раст во овој сектор.

По внимателно размислување, решив да се откажам од концертот Џеда Ворлд Фест“, рече Ники Минаж во соопштението.

„Иако многу сакам да направам свое шоу во Саудиска Арабија, откако се едуцирав за проблемите, сметам дека е важно да искажам поддршка за правата на жените, ЛГБТ заедницата и слободата на изразување”, додаде пејачката.

Во петокот една од најголемите фондации за заштита на човековите права напиша отворено писмо до Ники Минаж, во кое ја повикуваше, да се „откаже од парите на режимот во Ријад“.

Негодувањето против кршењето на човековите права од Саудиска Арабија се засили многу, откако новинарот и критичар на владејачката кралска фамилија Џамал Хашоги беше убиен во конзулатот на Ријад во Истанбул и се смета дека е по наредба на режимот во Саудиска Арабија.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2019 19:25