Околу 40 деца и возразни се хоспитализирани поради труење со храна во летен камп на Крим, соопштија локалните власти.

Според здравствени официјални претставници, повеќе од 40 лица се пренесени в болница, главно со слаби симптоми, а има деца и возрасни.

Директорот на летниот камп Ренат Кајумов изјави дека децата пристигнале од Казањ, главниот град на округот Татарстан.

Во кампот моментно се наоѓаат околу 700 деца и тој ќе продолжи со работа.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2019 12:55