Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери ги коментираше трансфер плановите на лондонскиот тим до крајот на летото.

Шпанецот рече дека „топџиите“ бараат само „скапи фудбалери“, надевајќи се дека ќе привлечат три или четири нови до крајот на тековниот трансфер прозорец.

– Ние сме смирени и трпеливи во овој момент, бидејќи сакаме да привлечеме само класа играчи кои можат да ни помогнат. Имаме многу добри фудбалери во тимот, млади момчиња. Потребни ни се најдобрите играчи на некои позиции. Да, можам да им кажам на нашите навивачи дека ќе имаме многу добар тим со играчите што ги имаме, како и со три или четири нови што ги очекуваме наскоро, рече Емери.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2019 16:33