На педесетмина индонезиски полицајци во провинцијата Источна Јава им е наредено да почнат со напорна програма за слабеење, бидејќи се премногу дебели и не можат да бидат ефикасни во својата работа, соопшти полицијата.

Службениците со вишок килограми две недели ќе трчаат, пливаат и ќе вежбаат аеробик во полициската школа во Мојокерт, истакна портпаролот на полицијата, Франс Барунг Мангера.

– Сакаме брзо да се движат додека ја извршуваат својата должност, изјави Мангера.

Тој нагласи дека тие ќе одат на психолошки советувања и ќе јадат посебни оброци кои ќе им ги подготват нутриционисти.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/07/2019 13:23