Рускиот хуманоиден робот ФЕДОР ќе тргне на 22 август на Меѓународната вселенска станица и таму ќе помине една и пол недела, најави денеска генералниот директор на Роскосмос, Дмитриј Рогозин на космодромот Бајконур.

Роботот го носи името Скајбот Ф-850.

Рогозин истакна дека хуманоиден робот во иднина ќе биде испратен и на Марс во рамки на подготовката за испраќање човечка мисија.

– Ќе имаме подготвителна фаза за тоа. Прво ќе испратиме хуманоиден робот, а потоа и луѓе, откако ќе ги проучиме сите ризици и да научиме да се бориме со нив, нагласи Рогозин.

Андроидниот робот ФЕДОР е создаден во соработка со Андроид Техника и руската Фондација за напредни истражувачки проекти со техничка поддршка од Министерството за вонредни ситуации на Русија.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/07/2019 13:37