Голем број деца и сурфери влегоа вчера во морската вода во близина на нуклеарната централа Фукушима 1, првпат по хаваријата која се случи во 2011 година.

Плажата Китаиѕуми, која е на околу 25 километри северно од нуклеарната централа, се исполни со луѓе откако властите на градот Минасома ја повлекоа забраната. Таа плажа била многу популарна меѓу сурферите пред катастрофата. Таму се одржувале национални и светски првенства.

– Пораснав, гледајќи го тука морето. Куќата ми ја однесе цунамито. Првпат се враќам тука по девет години, изјави еден од посетителите.

Во март 2011 година силен земјотрес со интензитет од девет степени, кој предизвика цунами, го опустоши брегот во префектурата Фукушима и доведе до тројно истекување во нуклеарката. Во катастрофата загинаа околу 18.000 луѓе.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2019 10:31