Министерот за Европа и Америка и државен секретар во Министерството за надворешни работи на Велика Британија Ален Данкан денеска поднесе оставка, соопшти Форин офисот.

Данкан, кој се смета за приврзаник на ЕУ, го обвини фаворитот за иден премиер Борис Џонсон, дека хе го поддржал британскиот амбасадор во Вашингтон откако протече информација за неговите оценки за администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Британскиот министер за финансии Филип Хамонд и министерот за правда Дејвид Гок вчера изјавија дека ќе поднесат оставка ако Џонсон во среда го преземе Кабинетот.

– Сигурен сум дека нема да бидам отпуштен, затоа што ќе поднесам оставка пред тоа да се случи. Под претпоставка дека Борис Џонсон ќе стане премиер, сфаќам дека неговите услови за работење во неговата влада би опфатиле прифаќање излез од ЕУ без договор на 31 октомври. Тоа јас никогаш не би можел да го потпишам, истакна Хамонд.

Гок, пак, која ја извршува оваа функција од јуни 2016 година кога Тереза Меј стана премиерка, порача оти не може да продолжи да работи во влада на Џонсон, поранешен шеф на британската дипломатија, доколку тој побара Брегзит без договор со ЕУ. Според него, таквиот потег на Лондон ќе води кон национално „понижување“.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2019 16:10