Американскиот државен секретар Мајк Помпео го демантираше Техеран дека се уапсени агенти на ЦИА во Иран и осудени на смрт.

– Иранскиот режим има долга традиција на лажење, кратко изјави Помпео за телевизијата „Фокс њуз“.

Претходно, иранската државна телевизија објави дека во земјата се уапсени 17 шпиони кои работеле за американската Централна агенција за разузнавање (ЦИА) и некои од нив се осудени на смртна казна.

Министерството за разунавачки работи соопшти дека разбило шпионска мрежа на ЦИА и оти се уапсени 17 агенти.

Светските агенции, повикувајќи се на иранската агенција Фарс, јавуваат дека некои од уапсените се осудени на смртна казна.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2019 17:25