Британската морнарица испраќа нуклеарна подморница во Персискиот залив, откако Иран заплени британски нафтен танкер.

Британски „Експрес“ објави дека подморницата ќе има одбранбена улога, користејќи ја својата софистицирана опрема за собирање разузнавачки податоци.

Подморницата од класа Астуте една од најновите, тешка е 7.400 тони, може да регистрира движење и пренос на глас до 200 милји, нејзината опрема може да ги пресретне и да ги преземе сите разговори, а во неа како дел од екипажот се и специјалисти лингвисти.

Весниокот наведува дека фокусот ќе биде насочен кон иранското пристаниште Бандар Абас, во кое се наоѓа британскиот танкер „Стена Имперо“ со 23 членови на екипажот.

Иран објасни дека на 20 јули британскиот танкер „Стена Имперо” бил запленет поради учество во судар со ирански рибарски брод. Британскиот танкер наводно, го оштетил рибарскиот брод и потоа не одговорил на повикот на малиот брод за тревога.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2019 17:59