Тоа беше најголемата наводна лажна вест, децении пред терминот „лажни вести“ воопшто да биде измислен.

Милиони луѓе во светот сè уште веруваат дека човекот не стапнал на Месечината и се убедени дека НАСА го снимила слетувањето на сателитот во некое од холивудските студија. Илјадници веб-страници се посветени да „докажат“ дека слетувањето не се случило, а некои дури ја доведуваат во прашање и целата мисија на Аполо 11.

Некои велат дека НАСА во 1969 година немала никакви технолошки вештини и искуство за да изведе таков зафат, а ако имала, тогаш тоа го направила без екипаж, бидејќи астронаутите би биле живи испечени со космички зраци. Има многу теории на заговор, но сите аргументите ги наоѓаат во наводните аномалии на фотографиите и снимките што НАСА ги испрати од Месечината на Земјата.

На некои доказ им се „наместените“ сенки на снимките, на други немањето ѕвезди на небото. Тоа што научниците ги демантираат, на теоретичарите за заговор не им значи многу. Фантазијата не им ја нарушува ниту фактот дека Лунарниот орбитер ги сними напуштените модули на Аполо 11, 14, 15, 16 и 17 во 2009 година, кои сè уште стојат на површината на Месечината.

Кога Лунарниот модул Аполо 1 ја допрел површината на Месечината на 20 јули 1969 година, малку Американци не верувале дека тоа е вистина. Според истражувањето на Галуп, до крајот на векот, веќе имало шест проценти. Во Русија дури и шеесет проценти не веруваат дека Американците, поранешните непријатели во Студената војна, биле први на Месечината.

Но, изненадувачки е што има многу скептични меѓу најблиските сојузници на САД. Една четвртина од Британците не веруваат во слетувањето на Месечината, исто како и девет отсто од Французите.

Академикот Дидије Десормау, кој многу пишуваше за теориите на заговор, вели дека „бројот на неверниот Том“ расте со важноста на настаните.

– Освојувањето на универзумот беше многу важен настан за човештвото. Поткопувањето на тоа може да ги разниша темелите на науката и човековото владеење со природата, а тогаш тоа е одлична цел за теоретичарите на заговор, изјави Десормау за АФП.

И претходно теориите на заговор содржеа снимки, како за убиството на Кенеди во 1963 година, но ова е првпат „теоријата на заговор во целост да е изградена околу визуелната интерпретација на настаните, кои тие тогаш во целост ја отфрлаат како местенка, вели Десормау.

Истата логика се користи за негирање убиства во американските училишта, додава тој, кога најзагрижените теоретичари тврдат дека починатите се всушност глумци.

Фотографиите можат да ја умртват нашата способност да размислуваме кога сме соочени со извитоперена логика, предупредува Десормау.

„Моќта на таквите теории, без оглед на која основа опстануваат, е да стане еден вид евангелизација што нема рок на траење”.

Поранешниот официјален историчар на НАСА, Роџер Лауниус, кој поголемиот дел од својата кариера ја посвети на борбата со теоретичарите на заговор, вели дека тие едноставно не ги прифаќаат истите правила на истражување и знаења според кои другите живеат.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2019 18:40